(Видео)ГРУЕВСКИ ЗА НАБАВКАТА НА „МЕРЦЕДЕСОТ“: Не едно, требаше пет или 10 такви „Мерцедеси“ да се набават

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неопходно ли беше да се набави „Мерцедес“ од 600.000 евра во услови кога во земјата се случува социјален нeмиp, беше прашањето на кое екс-премиерот Никола Груевски од Будимпешта ни одговори дека неопходно било не едно, туку десет такви возила да бидат набавени

 

„Беше неопходно да се набават пет до десет такви ‘Мерцедеси’, но заради севкупната економска ситуација решивме барем еден, кој што ќе се користи за странските делегации, бидејќи ни се случуваше странските премиери, претседатели што доаѓаат нивните претходници, бeзбeднocни претходници, одбиваа нивните премиери и претседатели да се качуваат во возилата кои што ние им ги дававме, а ние им ги дававме нашите. Во ситуација кога немаше друго, го позајмуваа моето возило, на министерот за внатрешни возилото, можеби некогаш и на некој друг – кога ќе влезеа внатре и кога ќе погледнеа викаат не можеме нашиот претседател (на пример Полска) да влезе во вакво возило. Тоа е cтapo, амортизирано…“ – вели Груевски за „Инфомакс“.

Екс-премиерот додава дека дури и да биле гаражирани возилата цели 30 години, самиот материјал кој го прави возилото да биде блиндирано ги губи својствата и веќе не е ефективно. Оттука и потребата за набавка.

Груевски додава дека тие немале потреба да објавуваат тендер за набавка, едноствно можеле да го набават без да биде вмешана и јавноста, но одлучиле така со цел да обезбедат што поголема транспарентност.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This