(Видео)ДЕТАЛИ ЗА ЗАПАЛЕНИТЕ ВОЗИЛА ВО КАПИШТЕЦ: Причина најверојатно падната електрична инсталација!

  • July 11, 2018

Четири возила кои биле паркирани на улица „Елисие Поповски“ во близина на број 17, попладневно се опожарени. Пожарот е пријавен во 18 часот и пет минути во противпожарната единица а интервенирано е со две возила и пет пожарникари.

Станува збор за патничко моторно возило марка „Пежо 308“, „Сеат ибица“, „Форд“ и „Опел астра“. Возилата се надворешно опожарени, а од пожарот е зафатено и едно дрво.

Првичните информациите укажуваат дека возилата најверојатно се опожарени од падната електрична инсталација.

МИА

Претходно «
Следно »