(Видео)ДЕТЕ СЕ ОНЕСВЕСТИ НА МИТИНГОТ, ЗАЕВ ГО ИЗИГНОРИРА: Скандал на денешниот марш, девојче се онесвести на бина, Заев го виде и го изигнорира!

  • September 16, 2018

Вистински скандал се случи за време на денешниот митинг на власта кој се одржа пред канцелариите на ЕУ во Скопје

Имено едно од децата кое стоеше на бината позади Заев се онесвести за време на исцрпниот говор. Во тој момент, премиерот  Заев го погледна детето кое ја изгуби свеста и продолжи со својот говор без око да му трепне. Додека се обидуваа другите деца да му помогнат и изнесат од бината, Заев си продолжи со својот говор, како ништо да не се случило, како да не е во прашање детски живот.

Многу пати до сега, јавноста, но и експертите упатуваа критика за бескурпулозното користење на децата во кампањата која е во тек, за снимените спотови за референдумот каде што се појавуваат малолетни деца, за искористувањето при стоење на бина, и вклучувањето во кампањата.

Сепак очигледно е дека ниту скапо платената кампања, ниту пак жестоката пропаганда и лажните вести и искористувањето на деца за кампања не му помогнаа на Заев да ги убеди граѓаните да си го променат името и да се откажат од јазикот и идентитетот, па поради тоа тој денес мораше да носи со автобуси поддржувачи од другите градови на протестот во Скопје. Има информации дека се носеа луѓе од внатрешноста на Македонија со присила и уцени. Во автобусите се делеа сендвичи, а можеше да се види и голем број на малолетни лица кои беа донесени во главниот град од кои дел од нив се качија на бината на која се случи денешниот инцидент.

Претходно «
Следно »