(Видео)ДОБРОСОСЕДСТВОТО НА ДЕЛО: Градоначалникот на Воден им забрани на Македонците од Грција да пеат македонски песни

  • July 27, 2018

Уште еднаш соседите на Македонија го покажаа своето лице, а очигледно предавничкиот договор кој го потпиша Заев со Грција дополнително ја влоши положбата на Македонците во соседството. Имено Заев со договорот се откажа од заштита на македонското малцинство во соседството, по што се тамошните власти се повампирија и како никогаш досега го угнетуваат македонското малцинство.

На видеото можете да го погледнете градоначалникот на Воден, како се заканува дека Македонците од Воден повеќе не смеат да пеат македонски песни. Тој нареди секој собир почнувајќи од овој летото да почнува со грчката песна Македониа Ксакусти (Славна Македонија). Тој во видеото наглсува дека нема летово свирење на песни од Скопје на локални настани.

Да се потсетиме дека само неколку дена пред потпишувањето на преспанскиот договор со Грција, македонска новинарска екипа интервјуирање грчки граѓанин во Преспа од другата страна на границата, Македонец на македонски, кој беше приведен од полицијата само поради фактот што го говореше својот мајчин јазик.

Но загрижува и настанот во Албанија кој претходеше на овој каде Македонците од официјална државна институција беа наречени Славомакедонци, кога Албанскиот државен комитет за малцинства ги заведе Македонците, како Славомакедонци.

Претходно «
Следно »