(Видео)ДОДЕКА НИЕ СЕ ЗАНИМАВАМЕ СО ЗАЕВ: Светот се менува – Ердоган го пречека Путин со сите државни почести пред вратата на неговата претседателска палата!

  • September 28, 2017
  • Коментари

Претседателот на Русија Владимир Путин пристинга во претседателската резиденција на турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган, кој го пречека Путин пред вратата, по што двајцата лидери се упатија кон главиот влез по црвен тепих, долж кој беше поставена почесната гарда

Тоа е петти состанок на Путин и Ердоган оваа година. Во март и мај турскиот претседател одеше во Русија, а подоцна во мај лидерите имаа краток состанок на маргините на форумот „Еден појас – еден пат“ во Пекинг, а исто така разговараа и во јули на маргините на самитот Г20 во Хамбург.

Главната тема на денешниот состанок ќе биде ситуацијата во Сирија, а пред се координацијата на акциите на Русија и Турција во областа на деескалација на судирите. Путин и Ердоган ќе разговараат и за референдумот за независност на Ирачкиот Курдистан и различни аспекти на билатералните односи.

https://www.youtube.com/watch?v=UZ8DzKllqZk

Претходно «
Следно »