(Видео)ЕДЕН ПОИНАКОВ ПОЛИЦАЕЦ: Се грижи за безбедноста на децата, им црта и игра со кукли со нив

  • February 20, 2019

Мотото на еден полициски службеник од Вирџинија е: ,,Да се ​​заштити и да служи – а потоа да се игра со кукли”. Полицаецот од полициската станица во Саут Хил, C.B. Флеминг, ги освои симпатиите на сите и доби бројни пофалби откако се појави видео на социјалните мрежи на кое тој лежи на земја заедно со група деца и игра со нив.

A false alarm gas leak turned into a full out play session in Mecklenburg Manor today! We definitely need more cops like him!!! Thanks for taking the time out to play with the kids!!

Gepostet von Iesha Roper Boswell am Donnerstag, 14. Februar 2019

На Денот на вљубените Флеминг реагирал на повик за истекување гас во станбен комплекс и откако областа била безбедна, тој одвоил неколку минути за да си поигра со децата пред да се врати на работните обврски.

„Му кажував дека мојата ќерка, мојата внука и некои други деца тука се плашат од полицајци”, изјави Еша Ропер Босвел, кој го сними видеото. „Па така, кога тој дојде го снимив видеото како си игра со децата, не затоа што мислев дка ќе стане вирално туку бидејќи се изненадив што мојата внука не заплака од страв”, вели таа.

Полицаецот Флеминг им ги покажал своите уметнички вештини со боење со некои од момчиња, па дури и играл и со кукли со девојчињата.

Претходно «
Следно »