(Видео)ЕМОТИВЕН ГОВОР КОЈ ГИ РАСПЛАКА СТРУМИЧАНИ: Црногорката Ана Филев која живее во Струмица ги расплака струмичани!

  • March 3, 2017

– Во Струмица по третпат се одржа протестен марш за поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Од градскиот плоштад „Гоце Делчев“, граѓаните упатија пораки за зачувување на унитарноста на Македонија и против двојазичноста.

 

17094115_1618372974844801_518065458_n-640x853

 

Пред присутните граѓани се обратија неколку говорници кои апелираа да се зачува унитарноста, јазикот, името и идентитетот.

Eмотивен настап на уметничка со црногорско потекло која живее во Струмица предизвика солзи во демонстрантите. Ана Филев жали за сите оние кои од внатре или од надвор ја растурат мирната Македонија исто како што континуирано ги влошуват  односите помеѓу сите братски народи од регионот.  Но, нашиот народ знае да се сплоти и да се обедини против секој непријател на заедничкото минато и иднина

– Еднаш ме прашаа што сакам од својот живот во иднината. Немав конкретен одговор, немав детали, само сакав да бидам среќна со човек кој ме сака, кој ја разбира уметноста, да живеам некаде, а тоа да не биде Црна Гора, во земја која има многу сончеви денови. Не знаев дека таа земја ќе има сонце дури и на нејзиното знаме. Не знаев дека таа земја ќе биде Македонија, земјата на Александар. Сега некој сака тоа сонце, да ми го украде мене, на Македонците, на моите деца. Сега некој сака зборот Македонија повеќе да не постои, рече Ана Филев, академска сликарка од Црна Гора.

Струмичани коментираа дека слушајќи ја Филева, може да се каже дека иако припаѓа на друг етникум ја брани Македонија повеќе од некои одредени Македонци.

Од градскиот плоштад, учесниците на протестот поминаа низ централното градско подрајче. Протестот помина мирно без инциденти.

Претходно «
Следно »