(Видео)ЗАЕВ СЕ ЗАКАНИ СО УБИСТВА НА ПОЛИТИЧАРИ: Ќе гинеле политичари на владеачки партии и тоа не било ништо трагично!

  • December 7, 2016

Лидерот на СДСМ, сепаратистот Зоран Заев во вчерашното интервју на ТВ 24Вести отворено се закани со убиства на политичари, ладнокрвно изјавувајќи дека „нема ништо страшно ако политичари загинат“

zoran-zaev-24vesti-640x385

 

Скандалозни беа изјавите на лидерот на СДСМ и сепаратист Зоран Заев кој во вчерашното интервју на ТВ 24Вести, од каде што упати закана по животот на политичарите во Македонија.

– Ќе паѓаат рејтинзи, и на владеачки партии и на политичари. И, ќе гинат политичари и ќе заминуваат од политика. Но гинеа нашите дедовци и татковци за оваа наша Македонија, ништо нема трагично ако политичари загинат – изјави сепаратистот Заев во вчерашното интервју на ТВ 24Вести.

Во неколку наврати високи функционери на СДСМ се закануваа со насилства во Македонија, меѓу кои и членот на Извршниот одбор на СДСМ Едмонд Адеми кој напиша дека „Дур не се пролее крв по улици, ниту режим паѓа, ниту слобода се стекнува“

ademi_krv-520x210

Подолго време политичките аналитичари и безбедносни експерти предупредуваат дека во Р.Македонија се припрема крваво сценарио од страна на СДСМ и сепаратистот Зоран Заев кое би требало да се одвива за денот на изборите, односно веднаш по изборниот ден.

Постои сценарио за политички и безбедносни инциденти кои би требало да се реализираат пред или на самиот ден на изборите, предупредува новинарот и аналитичар Васко Ефтов во неговата последна емисија „Во Центар“ каде што ги анализира политичко-безбедносните предизвици во кои влегува Македонија во периодот пред претстојните предвремени парламентарни избори.

Според Ефтов, спроведувањето на ваквото сценарио би значело влез во еден доста нестабилен политички процес по 11 декември.

Постои едно политичко сценарио. Се надевам дека нема да биде реализирано, но треба да ги знаеме контурите на тоа политичко сценарио. Тоа подразбира одредени политички и безбедносни инциденти. Можеби пред изборите или на самиот ден на изборите. Тоа би значело влез во еден доста нестабилен политички процес по 11 декември. Тоа подразбира можно формирање на широка влада или можно барање, ако победи ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски да не биде новиот премиер. И таа политичка тензија треба да трае се до локалните избори и тоа дополнително да ја истошти Македонија да стане нестабилна и во еден клучен момент кога ќе се решаваат односите меѓу Америка и Русија, можеби и Турција, Македонија да биде доста кревка и доста нестабилна, и како таква да влезе во тие политички разврски на Балканот.

Освен Ефтов, на крвави сценарија предупреува и новинарот Миленко Неделковски во својата последна колумна во која се обраќа до ВМРО-ДПМНЕ за начинот на кој граѓаните очекуваат тие да се однесуваат по победата на изборите.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]milenko-nedelkovski1-640x338Во недела треба масовно да се излезе и да се гласа. Секој според својот ум, морал, желби, перцепција… Во вашата одлука никој не смее да се меша. Со победата на Трамп отпадна стравот дека Бејли ќе преноки во ДИК штелувајки ги резултатите доколку се приближни.
Опасноста во недела доаѓа од можноста со помош на МВР и Спасовски во албански средини да се полнат кутии во корист на СДС. И да има инциденти… Крвави.
Затоа, сите од рано на избирачки места, за да може било која матрица за манипулација да им се избие од рацете на гнидите што сакаат да ја растурат државата – пишува Неделковски во својата последна колумна.[/kopa_block_quote]

Со слични размислувања е и екс-помошникот министер за внатрешни работи Наталија Ивчева, која беше на чело на секторот за меѓународна соработка во МВР во периодот на воениот конфликт во 2001 година која за iNFOMAX.mk вели дека се согласува со анализиите на Велиновска и Нонковиќ.

 

nata_kolumni

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″] – Сметам дека македонската јавност но и надлежните институции не треба да имаат никаква двојба по однос на сомневањата дека СДСМ со поддршка на „чадорот“ се спремни на секакво сценарио, вклучително и спроведување на насилство на изборните места со цел прекинување на изборниот процес, кој неминовно ќе покаже дека шансите на опозицијата за освојување на власта се никакви, со што во вода ќе падне целосното сценарио кое се спроведува во Македонија во последните 15-тина години. Планот за дестабилизација на Македонија и конечна федералзиација е во оператива од почетокот на новиот век, кулминираше во воен конфликт и предизвика насилно седнување на СДСМ на власт, кои пак итно спроведоа територијална поделба, претходно поткрепена со Рамковнио договор кој го потпишаа тогашните политички лидери. Од 2006 па наваму, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ претставуваат трн во окото на сценаристите, бидејќи не дозволуваат ниту поимање на федеализација на државата. Токму поради ова сметам дека „чадорот“ е спремен на секакво сценарио, а и јас како и моите колеги мислам дека на 11-ти декември ќе дојде до ескалација на тензиите со цел прекинување на изборниот процес. Тензии кои се подгреваат уште сега, вели Ивчева.
[/kopa_block_quote]

 

Претходно «
Следно »