(Видео)ЗАЕВ СИ ЈА РАСИПА „КАЛИМЕРАТА“ СО ВЕРУШЕВСКИ: Полиција и УЈП упаднале во казиното на Верушевски во Струга, вршеле притисок!

  • March 2, 2018

Екс-претседателот на градската организација на СДСМ Љупчо Палевски на својот ФБ профил објави информација, во која наведува дека при крајот на минатиот месец, полицијата по наредба, како што вели, на Оливер Спасовски и Зоран Заев упаднала во казиното „Кинг Игл“ во Струга сопственост на синот на Зоран Верушевски, без никаква причина


Како што објаснува Палевски, полицијата имала наредба од Спасовски да предизвика хаос во казиното, а акцијата ја водел лично советникот на министерот за внатрешни работи Даме Лозанкоски, кој имал и асистенција од УЈП. Според Палевски, полицијата и УЈП биле заинтересирани за се освен за дејноста на казиното, како што вели, се работи за „тајна екипа“ на Заев преку која ги држи под контрола луѓето кои би можеле да претставуваат закана за неговата власт.

Палевски заклучува, дека синот на Зоран Верушевски е, како што вели, човек кој го направи Заев човек, го издигнал на ниво премиер од соработник.

 

„Минатиот месец 25 Февруари, во 23,30 поточно пред само 4-5 дена изненадно и невообичаено, МВР и УЈП упаднаа ревносно и бесно во Кинг Игл казиното во Струга, сопственост на Александар Верушевски.
Бараа се само жетони не бараа, смешно и наивно, контрола вршеа на самите себе, казиното е франшиза, казиното е државно, до последна машина.
Акцијата ја предводеше лично Даме Лозанкоски на Оливер советникот, со логистика од УЈП организирана од Арменд Кадриески советникот “лева рака” на градоначалникот Мерко.
Операцијата ја смислиле корумпираниот директор на УЈП Битола и неговата омилена помошничка Ивана.
Ова е екипата на Зајко, за супер тајни работни акции, ова е екипата која бараше се, само жетони не.
Контролата е почеток на една гнасна игра, како и на почетоков на веков после две иљадита година, кога преку синот на Зоран Верушевски се правеа пресметки, на нај подмолен, измамнички начин.
Сопственикот на казиното Александар Верушевски, некој ќе го пљука, некој ќе го фали, но, она што малку се знае, тоа дете, со Алфа Роме турбо спорт 166, со цела УДБА на врат, самиот контра сите, го натовари Зајко со оружје, го направи човек, од сарадник премиер го стори.“ – пишува Палевски на својот ФБ профил.

Нешто подоцна, Палевски објави и видео снимка прикачена на видео-сервисот ЈуТјуб, за која тврди дека е од безбедносните камери во казиното на Верушевски, на која се гледа упадот на полицијата и претресот на просториите на „Кинг Игл“.

Минатата недела, Александар Верушевски на својот ФБ профил пак, објави неколку текста во кои ги обвини СДСМ за непринципиелност и „забивање нож во грб“, додавајќи дека „кратко ќе им трае власта“.

„Порасипани луѓе од овие, повалкани, поискварени ѓаволски ситни души, досега немало, пишува на фејсбук синот на Зоран Верушевски, Александар Верушевски, тој во повеќе наврати на фејсбук пиша дека е крај со СДСМ. Верушевски на друга своја објава на фејсбук пишува дека наскоро на сите ќе им биде јасно зошто немаме систем, зошто не функционира правната држава, зошто нема однос према поединецот и зошто се прокоцкале.“ – напиша минатата недела Верушевски.

Тогаш не беше познато која е причината за ваквиот без кај Верушевски кон луѓето на кои им помогна да бидат власт во државата, но најверојатно причината е токму упадот во неговото казино по наредба на, како што вели Палевски, Оливер Спасовски.

Претходно «
Следно »