(Видео)ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА И БЕЗБЕДНОСЕН ПРОБЛЕМ: Како двојазичноста ќе влијае врз Армијата на Република Македонија

  • January 15, 2019

Двојазичноста која владата на Заев и Ахмети упорно се труди силеџиски да ја протне, и покрај очигледното противење на народот, но и на Врховниот командант и претседател на Р.Македонија Ѓорѓе Иванов, може да предизвика и далекусежни последици по безбедноста на државата

 

Имено, законот за двојазичност, доколку насилно стапи на сила, без потпис од претседателот Иванов туку во стилот на пучистичките режими каде друг делегиран функционер, во случајот Талат Џафери, го потпише и на тој начин нелегално го обзнани законот, истиот ќе повлече и измени во други закони кои се однесуваат на општественото уредување.

Помеѓу законите се наоѓа и Законот за служба во АРМ, во кој прецизно е наведено дека во службата на армијата се користи исклучиво Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, во секаков вид на кореспонденција и давање на наредби.

Генералот потполковник на АРМ Методија Величковски, пред седум месеци во изјава за медиумите го објасни начинот на кој функционира кореспонденцијата во Армијата на Република Македонија, но и издавањето на наредби.

„Во Законот за служба во Армијата на Република Македонија, во членот 5. е недвосмислено, концизно, јасно и беспредметно за дискусија дефинирано начинот на употреба начинот за употреба на македонскиот литературен јазик и неговото кирилско писмо. Тоа подразбира дека секој вид на кореспонденција, командување, извршување на наредби, изработка на документи, и во мир и во војна, изработка на правила, доктрини и упатства исклучиво само и на ниту еден друг начин освен на Македонскиот литературен јазик и неговото кирилско писмо“ – изјави пред седум месеци генералот Величковски.

Доколку Џафери и Заев сепак успеат на нелегитимен, силеџиски начин да го стават законот за двојазичност во сила, тогаш тоа би повлекло и наметнување на јазикот и начинот на командување во АРМ на јазик на кој поголемиот број на припадници не го познаваат, што неминовно ќе донесе до безбедносен проблем и безредие во Армијата.

Генералштаб на АРМ

За работите да бидат појасни.Изјава на генерал потполковник Методија Величковски

Gepostet von Македонско ВВ и ПВО, Хеликоптерска единица на МВР am Sonntag, 3. September 2017

Претходно «
Следно »