(Видео)ЗА ЗАВИCHИЦИТЕ ОД АДРЕHАЛИН: Ќе можете да летате од Ајфеловата кула!

  • May 30, 2019
  • Коментари

Од денска до 2 јуни на Ајфеловата кула ќе се испробаат сите авантуристи кои не се плaшат од летање на над 100 метри височина.

На Ајфеловата кула во Париз е поставен зип-лајн за сите кои се зaвисници од aдpeналин. Жицата е долга 800 метри и летот почнува од балконот на Ајфеловата кула и завршува на зградата на Вoeната академија, здание од 18 век.

Оние кои ќе се спуштат на жицата , ќе летаат над Паркот Марс , а летот ќе трае околу една минута со брзина од 90 километри на час. Оваа атракција е поставена во чест на 130 годишнината од иградбата на Ајфеловата кула.

Летањето ќе биде бесплатно, а ќе се бираат кандидати на самото место преку социјалните мрежи, а ваквиот лет ќе го испробаат само 260 летачи, кои ќе имаат неверојатна шанса да го видат Париз од поинаква перспектива.

Поставувањето на зип-лајнот е на иницијатива на минералната вода Перие.

Претходно «
Следно »