(Видео)ЗА МАЛКУ ИЗБЕГНАТ ИНЦИДЕНТ НА МАРШОТ НА СДСМ: Малиот одзив на маршот во Скопје, за малку не предизвикал поголем инцидент меѓу Шекеринска и Зечевиќ!

  • September 19, 2018

Според информации до кои дојде Инфомакс, слабиот одзив на граѓаните на митингот во неделата ги зоврел страстите во СДСМ. Зоран Заев барал одговорност за милионите кои што се истрошени во кампањата, а на тоа се надоврзал и Никола Димитров кој странската поддршка ја припишал како своја заслуга

Како што е познато на протестот се појавија едвај десетина илјади граѓани, кои под присила беа носени од цела држава. Веќе објавивме дека СДСМ резервирале закуп на преку 300 автобуси, но заради слабиот одзив кај граѓаните на крај откажале две третини од планираното и ангажирале само сто.

Причините за дебаклот Шекеринска му ги префрлила исклучиво на организацискиот секретар Миле Зечевиќ, кој според нашите информации ја посочил како најдиректно одговорна за тоа што ја изгубиле поддршката во Скопје, а скопјани решиле да останат во своите домови.

Целака кавга околу гласините во јавноста за корумпираноста и задкулисните игри на Шекеринска кулминирале со директна пресметка зад сцената.

Како што ни посочи нашиот извор, Шеќеринска физички се пресметувала со Зечевиќ зад бината на митингот Коалицијата Заедно за европска Македонија.

Во неделата на митингот во Скопје, на СДСМ и коалиционите партнери “Заедно за европска Македонија” се случувала вистинска драма. Имено, според очевидците кои биле позади бината, поставена пред седиштето на Делегацијата на ЕУ, од непознати причини Миле Зечевиќ и се нафрлил на вицепремиерката, а во еден момент тргнал кон Шекеринска најверојатно и физички да се пресмета. Во драмата се вмешал и нејзиниот шофер кој на крајот успеал да ја оттргне од Зечевиќ.

Причините за овој инцидент се уште не се познати. Се шпекулира дека можеби причината била слабиот одзив на луѓе на митингот па, вината си ја префрлале еден на друг.

Претходно «
Следно »