(Видео)ИГОР ЈАНУШЕВ: Заев вчера доби тежок шамар поради неговите политики

Поврзано

МЕРКИТЕ ДАЛЕ РЕЗУЛТАТИ: Заев вели сме можеле да се носиме со кризата

Здравствните власти од почетокот на пандемијата носат издржани одлуки, врз основа на фактичката состојба и експертиза, напиша денеска претседателот...

КОРОНАТА НЕ СТИВНУВА: Филипче претставува лажна смирeност, а бројките говорат спротивно на тоа

Короната не стивнува, случајот "Рекет" води директно кон Заев, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Факти на денот: 1....

ВЛАСТА КРИЕ НОВОЗАБОЛЕНИ?: Дали власта ги фингира бројките на заразени за да се креира лабава атмосфера на новото нормално на Заев?

Власта вечерва ги корегираше бројките на новозарaзени од коронавирусот во Македонија. Како 67 станаа 76 ново заболени. Тоа се...

Интегрален текст од прес-конференцијата на Игор Јанушев

Новата реалност покажува дека власта нема простор за радост. Нивниот пад започна. ВМРО-ДПМНЕ е политичката партија со најголема доверба  кај народот.

Граѓаните покажаа дека бараат промени. Удрија тежок шамар на политиките на Заев и власта.

Македонија гласаше против криминалот, корупцијата и непотизмот на Зоран Заев и СДСМ.

Гласаше против наместените тендери, ароганцијата, нерешавањето на проблемите. Против животот кој стана пекол.

Исто така резултатот е извојуван од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана и народот сами на избори, против сите останати, против целиот државен апарат и сите други механизми кои тие ги ставија во функција.

Гордана Сиљановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ победија во 42 општини. Да беа ова локални  избори сега ќе имавме 42 градоначалници, да беа парламентарни, ВМРО-ДПМНЕ ќе имаше најголем број на мандати и ќе беше новиот мандатар.

Фактите говорат и дека  ВМРО-ДПМНЕ во услови на притисоци, закани и уцени вчера освои 60.000 гласови повеќе отколку во првиот круг. Значи ја зголемивме својата поддршка. Или вкупно ВМРО-ДПМНЕ тежи 380.000 илјади гласа.

Односно 42.000 гласа повеќе отколку на локалните избори во 2017 година.

За нас како партија ова е огромна одговорност.

ВМРО-ДПМНЕ  и Гордана Сиљановска Давкова освоија 3.620 гласа повеќе од првиот круг во Битола, 2.980 гласа повеќе од првиот круг во Прилеп, 1.900 во Охрид, 2.000 во Штип, 2.800 во  Велес, 2.500 во Кисела Вода, 3.000 во Аеродром, 2.400 во Гази Баба, 1.200 во Бутел, 2.000 во Ѓорче Петров, 2.000 повеќе во Карпош и 1.600 повеќе во Центар.

Овие бројки покажуваат дека граѓаните ја  препознаа алтернативата на криминалот, корупцијата и непотизмот, која ја нуди ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска Давкова. Граѓаните бараат право и правдина.

Неприродниот раст на власта во гласови помеѓу првиот и вториот круг од изборите, не е последица на откровението на метлата на Заев, ниту вербата дека нешто ќе подобри, туку едноставно резултат на пазар, на притисоци, уцени и закани.

Сега апсолутната власт значи и апсолутна одговорност за сите неуспеси на власта.

Власта ги злоупотреби институциите, особено полицијата.

ВМРО-ДПМНЕ  по прегледување на сите записници од сите избирачки места ќе поднесе приговори до  ДИК.

Ќе ги процесуираме забелешките од терен, за организирано носење на луѓе на гласање, за групно гласање, агитирање, поткуп и други нелегални дејствија. За овие и за други законски прекршувања ќе бидат поднесени кривични пријави. Одговорност мора да има и ќе има.

На крај,

Сакам  да им се заблагодарам на сите граѓани кои излегоа и во време на неправда, во време на мракобесието кое го наметнува власта излегоа, со крената глава и гласаа за ВМРО-ДПМНЕ.

Вие сте хероите кои се одважија и покажаа дека Македонија им е најважна. Ќе ги споменам и оние кои не гласаа за нас, и оние кои решија да останат дома.  Имаме почит кон сите вас и ве уверуваме дека времето ќе покаже дека ВМРО-ДПМНЕ е вистинскиот избор.

Како претседател на Републичкиот изборен штаб сакам да им се заблагодарам на сите кои беа дел од истиот, и на претседателите на општинските комитети, на целокупниот тим на секретаријатот,  кој го даде својот максимум, на целокупната партиска структура. Покажавме дека сме од тврд материјал, од најтврдиот, покажавме дека ВМРО-ДПМНЕ е фактор кај народот и најсилната партија во Република Македонија.  Вие сте хероите на овој факт, и луѓе кои донесоа одлични резултати во едно тешко време на притисоци, закани и обележувања. Ќе продолжиме таму каде што застанавме вчера, имаме простор за многу работа, за мотивирање на луѓе и дополнително растење. Главата горе, продолжуваме, уште посилно. Да ја оправдаме довербата на оние кои ни ја дадоа и да ја добиеме на оние кои се колебаа.

Актуелно

4 ДНЕВЕН КАРАНТИН: Комисијата за заразни болести бара полициски час во Скопје, Штип, Куманово и Тетово од утре до понеделник

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок донесе предлог за воведување на полициски час за време на претстојниот викенд,...

(Фото) НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР: Кичеец фотографиран како ужива во сонцето на охридското крајбрежје

Социјалните мрежи ги преплавија фотографии од второобвинетиот, веќе осуден за случајот „Рекет“, Зоран Милески Кичеец. Еден од главните ликови во аферата од пред еден...

ЧЕТВОРИЦА ПОЧИНАА: Потврдени 101 нов случај на ковид-19 за едно деноноќие

Четворица пациенти починаа, а 101 нов случај на ковид-19 во Македониија регистира Министерството за здравство за едно деноноќие. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни...

ПАНИКА НА ИЛИНДЕНСКА: Вонреден состанок во Влада, можно е воведување на рестрикивни мерки

Во Влада се одржува вонреден состанок по неофицијалните сознанија дека бројката на новозаразени изнесува повеќе од 100 лица од кои 59 се од Скопје. Најголем...

АКО ЗА НЕШТО СЕ КРИВИ ГРАЃАНИТЕ, КРИВИ СЕ ШТО ВИ ВЕРУВАA!

Нова нормалност, се изнаслуша целата македонска јавност изминатите неколку недели откако се направија низа на погрешни чекори во справувањето со пандемијата на новиот коронавирус....

Повеќе вести