(Видео)ИДНАТА ВОЈВОТКА СЕ ПРОСТИ СО АКТЕРСКАТА КАРИЕРА: Идната војвотка од Сасекс и сопруга на принцот Хари се појави во венчаница на последната епизода

  • April 28, 2018

Идната војвотка се опрости со актерската кариера во стил

Меган Маркл, идната војвотка од Сасекс, се опрости од својата актерска кариера во голем стил и тоа во венчаница.

Таа се спрема да облече венчаница во вистинскиот живот и да го изговори судбоносното „да“ на принцот Хари, а сега кажа „збогум“ на актерската кариера во бела свечена венчаница. Во 7. сезона на серијата „Сјутс“, преубавата Меган застана пред олтарот каде како адвокатка Рејчел Зејн се омажи за адвокатот и колега Мајк Рос, кого го глуми актерот Патрик Адамс.

Оваа епизода е емитувана само три недели пред нејзината голема венчавка, а таа изгледаше преубаво во свечениот фустан.

Нејзината венчаница ги маѓепса сите, а на истата се потпишува креаторката Ана Барж. Нејзината вистинска венчаница нема да изгледа така. Фустанот кој таа го носи во серијата има длабоко деколте, отворен грб и е провидна, што никако не е во склад со кралскиот дрес код.

На вистинската венчавка ќе носи конзервативен фустан.

Претходно «
Следно »