(Видео)ИСЛАМСКИ КАЛИФАТ ГЕРМАНИЈА: Видео кое предизвика масовни реакции во Германската јавност!

  • November 2, 2016

Видеото кое говори за тоа што ќе се случи ако Германија се најде под власт на исламистите, предизвика бран критики во германските медиуми

germanija_kalifat
На снимката, помеѓу останатото, познатите германски знаменитости како Бранденбуршката капија на кое се виори знамето на ИСИС, како и катедралата во Келн на чиј врв се гледа полумесечина со ѕвезда. Авторот на снимката не го заборавил ниту фестивалот „Октоберфест“. По нивната верзија, свинското и алхохолот ќе бидат забранети. Видеото го направила американската конзервативна организација „Секјур Америка нау“.

Весникот „Стерн“ оваа снимка ја нарекува „апсурдна“. Авторот на текстот смета дека помеѓу видеото и изборите во САД постои врска иако тоа авторот на видеото го негира. „Хафингтон пост“ исто така го поврза ова видео со предизборната кампања во САД.

По мислењето на авторот на текстот, авторите на видеото се поврзани со Републиканската партија. „Катедралата во Келн со полумесец на двата врва, Октоберфест со написи на арапски и секако, без алхохол и свинско – така приврзаниците на Трамп ја претставуваат Германија во блиска иднина“, се наведува во текстот на „Хафингтон пост“. Германскиот весник „Билд“ објави текст под наслов „Трамп користи чудно страшно видео за предизборна борба“.

Главната порака на видеото е „Храбри џихадисти успеаа да ја освојат Германија и да го прошират калифатот. Внимателно, САД, вашата земја не смее да заврши вака!“.

Претходно «
Следно »