(Видео)ИСХОДОТ ОД ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД ВО ФЛОРИДА: Убиени 17 лица меѓу кои и деца во напад на училиште во Флорида

  • February 15, 2018

Најмалку 17 лица се убиени во напад во училиштето во Паркланд на Флорида, а полицијата соопшти дека напаѓачот е уапсен и дека се работи за бивш ученик на тоа училиште

Како што соопшти окружниот шериф Скот Израел, утврден е идентитетот на напаѓачот и станува збор за 19-годишниот Николас Круз, пренесува Ројтерс.

Напаѓачот се предал на полицијата мирно, изјавил окружниот шериф.

Кај него е пронајдена една пушка и повеќе рамки муниција. Поголемиот број на жртви, поточно 12, се убиени во самата зграда на училиштето, а некои надвор, пренесува АП. Меѓу жртвите има и ученици и возрасни.

Како што пренесува агенцијата, напаѓачот бил избркан од училиштето поради дисциплина.

Шерифот Израел на прес-конференцијата по нападот рекол дека сцените од лице место се ужасни и дека нема зборови да ги опише.

Нападот во училиште во градот Паркланд, околу 72 километри северно од Мајами.

Претходно «
Следно »