(Видео)И ГРЦИЈА ДОДЕЛИ АЗИЛ НА ДВЕ ЛИЦА: Не само Унгарија, и Грција додели азил на две лица политички прогонувани од СДСМ во Македонија!

  • February 17, 2019

Зарем не срамота за Македонија, која претендира да стане членка на Европската Унија да ја третираат за земја која врши политички прогон?, праша Ксенија Вучиќ, новинар кој го водеше интервјуто за „Пин 1“ телевизија со Никола Груевски

 

„Тоа е голема срамота за земјата. Јас не знам како понатаму планираат да зборуваат дека се функционална демократија, дека земјата ја јакне демократијата кога земја членка на ЕУ додели на поранешниот премиер политички азил поради политички прогон. Кога уште една земја членка на ЕУ, Грција, нивниот Врховен суд процени дека двајца луѓе кои таму избегаа кои што исто така се под политички прогон, дека тие всушност треба да бидат слободни и ги остави на слобода. Тие имаа одредена аболиција од претседателот на државата, требаше да бидат уапсени, тие заминаа во Грција. Грчките власти ги изнесоа пред суд, и судот процени дека тие се во право дека аболицијата на претседателот е валидна. Грција исто така е членка на ЕУ и НАТО, така што веќе две држави членки на ЕУ и НАТО потврдуваат на еден или друг начин дека во Македонија се соочуваме со сериозен политички прогон од страна на актуелната власт“ – вели Груевски.

 

И Грција даде азил на политички прогонети лица од Македонија

И Грција даде азил на политички прогонети лица од Македонија!

Gepostet von infomax.mk am Sonntag, 17. Februar 2019

 

Претходно «
Следно »