(Видео)КАКО ДА ВОЗИТЕ НА СНЕГ И МРАЗ: Професионални совети за безбедно возење во услови на снег и мраз!

  • February 25, 2018
  • Коментари

Снегот е сериозен сигнал за сите учесници во сообраќајот дека треба да размислуваат поинаку. Иако зимата е поблага, за разлика од поранешните, сепак сообраќајот на места се одвива отежнато.

 

Motorists drive through snowy conditions in Pickering, northern England, on January 15, 2013. Heavy snowfall has hit parts of central and north east England, bringing sub-zero temperatures and travel disruption across the country. AFP PHOTO / LINDSEY PARNABY (Photo credit should read LINDSEY PARNABY/AFP/Getty Images)

Еве неколку совети и правила како правилно да возите по снег:

Гумите се задолжителен дел од опремата на автомобилот, но не се единствена неопходна раобта ако тргнете на пат по снег.

Добрите бришачи и течноста за миење на предното стакло која не замрзнува кога температурите се минус, се важни за прегледност во возењето. Внимавајте секогаш да имате доволно течност. Четката за чистење исто така спаѓа во списокот на работи кои мора да ги имате во себе.

Во секој случај пред возење задолжително исчистете го целиот снег од вашиот автомобил.

Активирањето на климата додека е вклучено греењето е најефикасно за да се исчистат стаклата. Сепак, за секој случај носете си сува и чиста крпа.

Рецепт за безбедно возење по снег – без брзање и без нагли движења

Снегот на патиштата бара од возачите да се прилагодат на новите услови во возењето, но и да го променат начинот на размислување. Златно правило е да не правите нагли движења и маневри. Важно е да не се движите брзо.

Секогаш држете безбедно растојание со другите возила.

Што кажува науката?

За возилото да се однесува како што очекувате, пресудно е добро да ги исчистите гумите.

Триењето меѓу гумите и асфалтот овозможува автомобилот да се движи, но во зимски услови, триењето е 10 пати намалено.

Не заборавајте да ставите ланци.

 

Претходно «
Следно »