(Видео)КОЈА Е РАЗЛИКАТА ПОМЕЃУ ОРЦЕ КАМЧЕВ И ГОРАН АНГЕЛОВ?: Си плаќаат ли поимотните притвореници услуги во затоврите?

  • November 15, 2018

Постои ли дискриминација во затворскиот систем, или пак се работи за корупција кај судиите кои определуваат притори за осомничени лица во судски постапки, при определување на условите во кои ќе живеат притворениците


Која е разликата помеѓу притвореникот Орце Камчев обвинет за даночни малверзации и перење на пари во случајот „Империја“ и Горан Ангело обвинет во случајот за 27. април. На прв поглед и не постои некоја разлика. И двајцата се обвинети за кривични дела, но ниту еден од нив не е осуден на ефективна затворска казна.

Сепак, едниот од двајцата живее во хотелски услови во т.н. „Хашко крило“ во заотворот „Шутка“, додека другиот во ќелија во субстандардни услови каде пие вода од тоалетот каде што врши нужда.

Злоупотребата на притворот како казна, на лица на кои не им е утврдена вина е пракса која со години се спроведува во Македонија, речиси исклучиво по нарачка, и во спрега помеѓу власта и судството. Неретко се случува и притвореници кои се финансиски помоќни да си платат за различни услуги во затворите, па и живот во подобри услови, како во случајот со Орце Камчев, или пак осудениот за тешки кривични дела Бајруш Сејдиу кој во затворот во Штип имаше и приватна вежбална.

Која е разликата помеѓу Камчев и Ангелов, и зошто едниот живее во притвор со сите услови, а другиот без услови за живот , разговаравме со претседателката на „Транспаренси Интернешнл“ Слаѓана Тасева.

„Без Цензура“ со Слаѓана Тасева

„Без Цензура“ со Слаѓана Тасева

Gepostet von infomax.mk am Mittwoch, 14. November 2018

Претходно «
Следно »