(Видео)КОЈ ГУБИ, А КОЈ ДОБИВА ОД „ТУРСКИ ТЕК“: Европа губи, Македонија и Балканот добиваат!

  • December 2, 2016

Украинскиот „Нафтогас“ одлучи да не го реализира проектот за реконструкција на објектите за инфраструктура бидејќи раководството на таа компанија смета дека таа инвестиција не е исплатлива во светло на договорот кој е постигнат на релација Москва – Анкара за изградба на „Турскиот Тек“

naftogas

„Нафтогас“ не гледа потреба за реконструкција на низата станици која служи гасот од Украина да се пренесува во Турција бидејќи смета дека тоа е неперспективно во светло на реализацијата на Турски Тек, се наведува во соопштението на украинската компанија.

Истовремено, „Нафтогас“ го запре процесот на купување на опрема за потребите на реконструкцијата на компресорските станици во вредност од 156 милиони долари. Се истакнува дека опремата за тие станици кои го испраќаат гасот во Турција не одговара на останатите компресорски станици, со тоа целокупната нарачка е излишна.

Македонија, заедно со Грција и Србија е дел од трасата низ која треба да поминува овој проект вреден десетици милијарди долари, од кој се очекува земјите низ кој ќе поминува да добиваат несразмерно поефтин гас од било кој друг извор, а истовремено да профитираат од наплаќање на такса за пренос на гасот низ државната територија.

За овој проект во емисијата „Во Центар“ на Васко Ефтов зборуваше и Војислав Шешељ, кој го оцени како исклучително важен за Македонија но и за Грција и Србија, исто како и проектот „Патот на свилата“ во кој Вардарската долина ќе завземе главно место.

 

Претходно «
Следно »