(Видео)ЛЕДЕНА НОЌ НА НИЧИЈА ЗЕМЈА: Бегалци од Сирија и Ирак заглавени на ничија земја помеѓу Унгарија и Австрија и во камповите во Грција!

  • January 16, 2017
  • Коментари

Група ирачки и сириски бегалци чекале повеќе часа на ничија земја помеѓу Австрија и Унгарија, бидејќи ниту едните ниту другите не сакаат да ги примат, пренесуваат медиумите во Австрија

Granica_sneg

На преминот Хајлигенкројц бегалците останале блокирани, бидејќи Унгарските власти не сакале да ги прифатат назад.

Тие поради ниските температури го блокирале сообраќајот и запалиле оган на автопатот.

Австриската полиција наишла на група бегалци во неделата наутро околу 4.40 на железничката станица Јанерсдорф и ги префрлила кон границата. За време на десетчасовното чекање на територијата помеѓу двете земји, бегалците не добиле ниту храна, ниту вода, наведуваат медиумите. Унгарските власти, притоа ја затвориле државната граница, а истовремено триесетина австриски полицајци им го забранила влезот на бегалците на Австриска територија.

Унгарија дури околу 16.30 часот им дозволила на петмина Сиријци и тројца државјани на Ирак да се вратат на нејзина територија. Според пишувањето на „Кронен Цајтунг“ унгарските полицајци по прифаќањето на бегалците ги „советувале“ да се префрлат во Австрија преку шумата.

Претходно «
Следно »