(Видео)МАКЕДОНИЈА ИМА НА ШТО ДА СЕ ГОРДЕE: Првиот Македонски xopop спот за „етно техно“ нумерата на „Шафран“

  • November 14, 2019

Новиот електро состав „Шафран“ ја издаде својата трета песна под наслов “Дафино” која има модерен призвук и мешавина од електронски етно звук.

За музиката се погрижи Тони Стевковски, а за текстот е задолжен Кирил Трајковски. Ова е трета песна на „Шафран“ а наскоро се очекува да презентираат нови нумери за комплетирање на првиот албум.

Оваа песна има и видео запис во режија на Исток Чаповски и продукција на Марјан Тасевски.

Спотот и самата песна која е авторска и не е препеана, се инспирирани од вистински настан кој се случил пред многу години во едно далечно село близу општина Чашка. Станува збор за селото Ореше.

Имено тамошните жители и ден денес кажуваат дека понекогаш невестата знае да се појави по сокаците и селските чешми како дух.

Главната улога во спотот ја толкува Росица Кулакова а за вокалот се погрижи Христина Пецовска.

Претходно «
Следно »