(Видео)МАСОВНО БОМБАРДИРАЊЕ НА ПОЈАСОТ ГАЗА: Израелската армија започна со најголемата воздушна кампања од 2014 врз Појасот Газа!

  • July 20, 2018

Израелската авијација нападнала 15 објекти на палестинските борци и продолжува да го бомбардира Појасот Газа, објави прес-службата на израелската армија

Нападите кои траат повеќе од два часа, војската ги нарече одговор на „сериозниот“ пограничен инцидент, чии детали засега не се објавуваат.

„Војската на Израел продолжува со напади на на целата површина на Појасот Газа користејќи борбени авиони и дронови. Досега се бомбардирани 15 терористички цели“, се наведува во соопштението.

Меѓу нападнатите објекти војската наведува дека е погоден и штабот на движењето Хамас во Зејтун, складишта со оружје, кампови за обука и караули.

Најмалку тројца Палестинци го загубиле животот. Според израелски податци, сите биле припадници на Хамас, додека еден Палестинец загинал во судир со војската во текот на еден од протестите.

По почетокот на бомбардирање Палестинците истрелале три ракети, од кои две биле пресретнати од комплексот „Железна купола“.

Претходно «
Следно »