(Видео)МАФИЈА СО СИТЕ НИШАНИ: Во 2011-та уапсени од италијанската полиција поради местење натпревари, во 2017 поврзувани со убиство во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден од лицата кои се поврзува со убиството на младиот Мартин Јанушев, но и со агенцијата за обезбедување „Омерта“ за која про-владиниот колумнист Сашо Ордановски тврди дека врши рекет во Скопје, во 2011-та година бил уапсен во Италија поради местење на резултати во италијанското калчо

 

Медиумите шпекулираат дека убиецот има иницијали Р.Т. и е добро познат на полицијата. Ова не му е прво убиство и кривично дело. Неговото име се поврзува со агенцијата за обезбедување „Омерта Секјурити”, која пак во дел од медиумите беше поврзувана со Вице Заев.

Истиот во 2011-та година бил приведен и од италијанската полиција поради поврзаност со местењето на натпревари во италијанската калчо лига.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]Раде Трајковски и Христијан Илиевски се двајцата македонски државјани вмешани во мегаскандалот со наместени резултати во италијанската најсилна фудбалска лига – Калчо. Станува збор за убиец и криминалец со тапија, кој поддршката ја добил од поранешен полицаец со кого заедно влегле во групата, која им кумувала на резултатите и добила огромни суми на пари. – пишуваше во 2011-та година весникот „Вечер“[/kopa_block_quote]

Во 2011-та тој бил уапсен на атинскиот аеродром, а според поред неофицијалните информации, двајцата имале свои луѓе и во македонскиот фудбал, а Трајковски бил и член на Управен одбор на еден скопски фудбалски клуб. Меѓутоа цврсти докази дека местел резултати во домашното првенство тогаш немало.

Истрага на италијанските полицајци утврдила дека во криминалната група имало десетина лица од бившите југословенски простори. Секој имал своја задача и улога, а осомничените Македонци кои со месеци биле следени најмногу контактирале со лице од Нови Пазар.

Акцијата на италијанската полиција наречена “последниот облог” ја шокираше тамошната јавност откако зад решетки се најдоа неколку познати имиња од италијанскиот фудбал. Повремениот репрезентативец Џузепе Сињори, поранешниот капитен на фудбалскиот клуб Аталанта и легенда на клубот Кристијано Дони, фудбалерот на Интер Луиџи Сартор, Алесандро Замперини, Филипо Каробио и судијата Андреа Џервасони.

Италијанските инспектори досега собрале докази дека членовите на оваа група биле во контакт со обложувачката мафија од Сингапур и Источна Европа, а во 2010-та година успеале да наместат три натпревари од најсилната лига Калчо. Станува збор за натпреварите Бреша – Бари, Бреша – Лече и Наполи – Сампдорија, како и повеќе натпревари од Серија Б и пониските лиги од Италија, за кои допрва ќе се докажуваат сомневањата.

 

https://www.youtube.com/watch?v=LGFPrRQzb-s&feature=youtu.be

Емисијата „Несомнено“ на телевизија Алфа открива каква е поврзаноста на агенцијата за обезбедување „Омерта секјурити“ со ликвидацијата на младиот Јанушев од пред две недели во населбата Аеродром. Според Алфа некој медиуми по убиството повикувајќи се на извори од социјалните мрежи го поврзале убиството со лицето Раде Трајковски Штекли, кој е поврзан со агенцијата за обезбедување „Омерта секјурити“ и според гласини во јавноста и медиумите е и нејзин сопственик во сенка.

Според податоците од Централен регистар Трајковски не е сопственик со агенцијата, но според сликите кои може да се видат на социјална мрежа „Инстаграм“ Трајковски е во блиски односи со управителката Лазиќ. Трајковски не одговорил на повиците на „Несомнено“ за интервју, да одговори на гласините дали истиот е сопственик во сенка на агенцијата за обезбедување „Омерта секјурити“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This