(Видео)МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИ СО ВИДЕО ОБРАЌАЊЕ ГО ЧЕСТИТА ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА: Bие сте столбот на мирно и демократско општество

  • May 7, 2019

Почитувани припадници на Министерството за внатрешни работи,

Ви се обраќам по повод 7ми мај, Денот на македонската полиција.

Ви се обраќам како министер, како колега, како ваш сојузник.

Пред две години мојата цел како министер беше да го вратам угледот на министерството и да им овозможам на вработените чесно и одговорно да ги извршуваат своите работни задачи. Изминативе две години како министер во Владата на Република Северна Македонија се залагав за решавање на сите наталожени проблеми со кои вие се соочувавте во годините претходно.

Заедно со вас успеавме дел од нив веќе и да ги надминеме и со тоа отвараме нови можности за постигнување уште поголеми резултати во периодот кој следи.

Горд сум што и покрај сите негативни случувања во минатото, во ова министерство работат професионалци кои непоколебливо се боpат против криминалот и корупцијата, против тероризмот, се грижат за јавниот ред и мир и секојдневните потреби на граѓаните.

Во декември 2018 година беа исплатни покачени плати за 4.900 полициски службеници, за кои на годишно ниво одвоивме 79 милиони денари. И во периодот пред нас продолжуваме со подобрување на условите за работа, продолжуваме со реновирањето на полициските станици. Набавката на униформи да стане редовна активност, а не исклучок. Специјализираните оддели да бидат опременувани со модерна опрема со која ќе можат подобро да ги извршуваат своите работни задачи.

Да не заборавиме наш партнер се и граѓаните. Сакаме да бидеме близу до нив, да превенираме и да ја зголемиме безбедноста на граѓаните и затоа ја воведовме позорникарската служба. Полицајците позорникари ја зголемуваат безбедноста во населените места, ја зајакнуваат борбата против криминалните појави, а со ова ја зголемуваме и довербата во полицијата.

Во следниов период ќе работиме и на системско решавање на функционалните проблеми и ќе го зајакнеме институционалниот и административен капацитет на министерството.

И во иднина, мој и на сите нас приоритет останува да ни биде заштитата на безбедноста и сигурноста на нашата држава и нашите граѓаните.

Да продолжиме по чесниот пат, зошто тој е вистинскиот.

Почитувани колеги,

Ви го честитам Денот на македонската полиција, вие сте столбот на мирно и демократско општество.

Претходно «
Следно »