(ВИДЕО)Мицкоски оствари средба со австрискиот канцелар Курц

  • September 7, 2018

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари средба со австрискиот канцелар, Себастијан Курц.

Како што соопштуваат од партијата, на средбата се разговарало за актуелната политичка состојба, евроатлантските интеграции и актуелниот референдум за договорот со Грција.

-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски истакна дека членството во ЕУ и НАТО преставува наш стратешки државен интерес, а воедно ВМРО-ДПМНЕ е отворена за понатамошна продлабочена соработка со Австриската Народна Партија како сестринска партија во рамките на Европската Народна Партија. На средбата Мицкоски истакна дека за ВМРО-ДПМНЕ останува неприфатлив договорот со Грција и истиот дополнително државата ја става во незавидна ситуација, се наведува во соопштението.

Целокупниот процес на преговарање се одвивал нетранспарентно и опозицијата не била консултирана, а самиот договор не ги одразува државните и национални интереси на Република Македонија.

-За ВМРО-ДПМНЕ повеќезначното референдумско прашање се користи од власта за создавање на свесна забуна кај граѓаните со цел да се прикрие вистинската содржина за што реално треба да се одлучи, а тоа е договорот со Грција, велат од партијата.

Претходно «
Следно »