(Видео)НАМЕРНО НЕ СЕ ФОРМИРА АНТИКОРУПЦИСКА КОМИСИЈА: Тасева апсолутно незадоволна од судските „реформи“ – власта не дозволува формирање на антикорупциска!

  • November 14, 2018

Речиси цела година во Македонија не функционира Антикорупциската комисија, иако во јанвоста од март годинава до денес се случија низа на настани во кои постои сомнеж за корупција, непотизам и золупотреби на државните функции

 

Од изборот на јавни обвинители, до скандалот со фондот за иновации, бизнисите на Анѓушев кој како вицепремиер си доделува тендери и ја користи УЈП за да си наплати сопствени долгови, притоа стекнувајќи се со државно градежно земјиште за смешен надомест – во Македонија нема кој да ги истражи овие сомневања за криминал.

„Намерно се прави да немаме Антикорупциска комисија. Зошто? Затоа што не сака власта, од март наваму немаме антикорупциска комисија. Затоа што не ни треба институција која ќе ги проверува овие работи. Мојот став беше – немаме затоа што требаше да нема кој да каже ‘има ли судир на интереси во одлучувањето во советот на јавни обвинители’. Кога обвинителите креваа рака кој ќе остане, а кој не во обвинителството за организиран криминал. Таму ние лоциравме јасна состојба на судир на интереси. Во тој момент членовите на Антикорупциска си даде оставка.“ – вели претседателката на „Транспаренси Интернешнл“ Слаѓана Тасева.

Тасева, како што вели, апсолутно не е задоволна од судските реформи, додавајќи дека „не постои граѓанин којшто е задоволен“.

 

„Без Цензура“ со Слаѓана Тасева

„Без Цензура“ со Слаѓана Тасева

Gepostet von infomax.mk am Mittwoch, 14. November 2018

 

Претходно «
Следно »