(Видео)ОБВИНЕТИТЕ ЗА „МОНСТРУМ“ НЕ СЕ ВИНОВНИ: Што зборуваше Заев минатата година, и зошто сега ја смени плочата?

  • April 26, 2018

Во скандалозно интервју дадено за српски „Курир“ на 3 мај 2017 година, претседателот на СДСМ Зоран Заев оди доттаму што тврди дека осудените во „Монструм“ биле невини, односно дека немало никакви докази оти тие се виновни.


Запрашан дали има докази кои расветлуваат што се случило на Смилковското Езеро каде се убиени четири деца и еден риболовец, Заев одговара:

–Постојат разговори кои покажуваат дека за луѓето кои се во затвор нема никакви докази за тоа. Во разговорите не постојат докази кој тоа го направил, но постои сомнение дека власта е вмешана.

Во третата точка од тиранската платформа прифатена од Заев, с ебара целосно расчистување на прашањата и судските постапки како “Сопот”, “Бродец”, “Монструм” и “Куманово” „преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган“.

Претходно «
Следно »