(Видео)ОЛИВЕР СПАСОВСКИ МУ СПРЕМАЛ МЕСТЕНКА НА ЕДМОНД ТЕМЕЛКО: Неколку пати се слушнале на телефон, Спасовски го лажел Темелко и му местел „спектакуларно апсење“

  • September 26, 2017

Местенка и апсење за Едмонд Темелко, а слобода за Бајруш Сејдиу и Агим Красниќи. Срамно однесување на Оливер Спасовски, кој покажува сила на тешко болни луѓе кои веќе искажале намера самите да се предадат на органите на прогонот

Според информации на Инфомакс, Едмонд Темелко денеска во два наврати контактирал лично со министерот Оливер Спасовски и му ја кажал намерата дека планира сам да се јави во судот, да го земе решението и да замине во притвор, бидејќи бил убеден дека е невин и дека станува збор за класична политичка монтажа која наскоро ќе излезе на виделина.
Како што дознаваме, Темелко објаснил и каде се наоѓа и дека има намера да тргне кон судот по што уследила спектакуларната полициска акција со веќе договорени камери кои се собрале пред Полициската станица Центар.
Токму во моментите кога Темелко беше изнесуван од станица , медиумите блиски до СДСМ се вклучуваа со пренос во живо.

Секако, Оливер Спасовски ова може да го прави со изнемоштени луѓе и луѓе со тешки болести каква што има и Темелко, бидејќи од криминалците како Бајруш Сејдију и Агим Красниќи му е страв.

Имено, претходната недела двајцата тешки криминалци беа пуштени на слобода од страна на хунтата на СДС.

Агим Красниќи лежеше затвор поради изборни неправилности, а на почетокот на 2000-те се закануваше дека ќе го бомбардира Скопје со минофрлач од неговото родно Кондово. За Красниќи беше организиран и специјален пречек во селото, со музика, јадење, пиење и секако рафали од автоматско оружје. Спасовски не смееше да писне.

Тутунскиот бос, Бајруш Сејдиу инаку еден од најбараните криминалци во овој дел на Европа исто така беше пуштен на слобода, а за тоа и јавно му се заблагодари на Зоран Заев. 

Експертите се едногласни дека токму оние криминалци, кои премиерот најави дека ќе бидат ослободени од страна на Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев, ќе бидат главниот адут на владејачката партија за локалните избори.

 

Претходно «
Следно »