(Видео)ОТКРИТИЕ ШТО ЌЕ ЈА СТАВИ НАУКАТА НА ТЕСТ: Направена првата фотографија од „Црна дупка“!

  • April 10, 2019
  • Коментари

Меѓународен научен тим претстави неверојатно научно откритие од областа на астрофизиката, првата фотографија од „црна дупка“, подвиг што ќе го поткопа столбот на науката, теоријата на релативитет на Алберт Ајнштајн.

Прес конференцијата се одржува симултано во Вашингтон, Брисел, Сатијаго, Шангај, Тајпеј и Токио, а учесниците го презентираат овој пионерски подвиг кој е резултат на проектот „Евент хорајзн телескоп“.

Најголем дел од астронимите сметаат дека во центарот на сите галаксии има масивна црна дупка која има маса еднаква на милијарди и милијарди сонца и која непрекинато привлекува и „голта“ објекти. Дел од проголтаните објекти преживуваат и излегуваат од црната дупка во форма на тенки листови плазна кои се движат со брзината на светлината.

Во млечниот пат и некои од другите познати галаксии црната дупка е во хибернација и нема голтање односно исфрлање на објекти. Научниците долго се обидуваа да разберат колку долго трае таа хибернација и колку време била активна црната дупка пред да западне во хибернација, како и дали таа активност имала влијание врз создавањето на животот и на сонцето и на целокупниот облик на галаксијата.

Во Брисел ќе биде изложена фотографија од црната дупка.

Претходно «
Следно »