(Видео)ОХРИД ПОД ВОДА, ОТСЕЧЕН СТАРИОТ ПАТ КОН СТРУГА: Алармантно во Охридско-Струшкиот регион, ЕЛЕМ не го отвара истекот на Црн Дрим

  • March 31, 2018

Силниот ветер од циклонот “Алексеј” кој беше најавен долж Охридско-струшкото крајбрежје и вечерва предизвикува големи бранови во Охридското езеро – пренесува локалниот портал „Охрид1“

Според информациите стариот патен правец Охрид-Струга, во близина на аеродромот е пополнет со вода и ѓубре кои го исфрлаат големите бранови од езерото.

Граѓани информираат дека езерото е на само еден метар од патот Охрид-Пештани, и во секој момент може да биде поплавен и однесен од езерото. 

Што се однесува пак до испустот на Црн Дрим, од фотографијата која е ја направиле од порталот, може да се забележи дека испустот е само делумно отворен и недоволно за да се испушти потребната количина и да се спречат штети на крајбрежјето.

Според најавите на метеоролозите, за вечерва се предвидени  врнежи од дожд и засилен јужен ветар со брзина од 80км на час.

На социјалните мрежи се појавија и снимки на кои се гледа дека езерото веќе ги надминува сите квоти, и започнало да влегува во угостителските објекти долж кејот на езерото во Охрид.

Aleksej napagja…

Posted by Кочо Каневче on Saturday, 31 March 2018

 

Претходно «
Следно »