(Видео)ПЕНТАГОН ОБЈАВИ СНИМКА ОД „ЛОВ НА НЛО“: Во 2004-та американски пилоти следеле НЛО крај пацифичкиот брег на Сан Диего!

  • January 2, 2018

Пентагон објави снимка на која се гледа како американски пилот следи НЛО – објави Индепендент

Снимката е дел од операцијата од 2004-та во која учествувале два американски ловци Ф/А-18 Супер Хорнет. Целата ситуација се случувала долж пацифичкиот брег кај Сан Диего. „Индепендент“ тврди дека „ротирачкиот објект“ бил на висина од 24 километри.

Се наведува дека Дејвид Фревор и Џим Слет се наоѓале на тренажен лет на 160 километри од пацифичкиот брег кога ја добиле наредбата да пресретнат „некој летачки апаратус“. Фревор изјавил дека бил вчудоневиден од бризната која успеал да ја развие НЛО-то.

„Таква бризна не може да постигне ниту еден авион“ – рекол Фревор.

Пилотот вели дека тој „летачки објект“ потполно ги „полудел“ радарите на двата авиони кои не биле во можност да го следат НЛО-то со таква брзина. Пентагон претходно призна дека од 2007. до 2012. година „лови“ НЛО.

Во тој период се реализирала и програмата која се нарекувала „Проширена идентификација на авио-закани“.

Претходно «
Следно »