(Видео)ПОЖАР ВО КИСЕЛА ВОДА: Неколку метри недостасуваа за пламените јазици да ги зафатат и куќите во населбата!

  • November 15, 2018

Заради непромислено и неодговорно однесување на поединец/и утринава околу 11:00 часот беше запалена сува трева кај трим патеката и игралиштето во населбата 11 Октомври во општина Кисела Вода. 

Со брза интервенција на месното население и противпожарната бригада за малку е избегната катастрофа од пошироки размери, бидејки подметнатиот пожар беше дојден на само неколку метри од куќите во населбата. Граѓаните реагираа на тоа дека не е прв пат некој да ја пали тревата, а ни овој пат немаше увидна екипа на МВР за да се пронајде пироманот, а точно се гледа на некои места како е подметнат пожарот, погледнете го видеото.

Пожар во Кисела Вода

Gepostet von infomax.mk am Donnerstag, 15. November 2018

Подготвил:

Борислав Стоилковиќ

Претходно «
Следно »