(Видео)ПОЖАР ВО МАГАЦИН ЗА МУНИЦИЈА: Евакуирани 15.000 луѓе поради пожар во склад за муниција во Балаклаја, Украина!

  • March 23, 2017

Голем пожар избил утрината во складиште за мунијца во градот Балаклаја во Украина, поради што се евакуирана 15.000 жители, а како што јавуваат руските медиуми најверојатно се работи за саботажа

136814_eksplozija-ukrajina_f
Тоа складиште за муниција е едно од најголемите во Хабаровската облас, а по пожарот кој избил околу 3 часот по локално време, започнале да одекнуваат детонации, поради што е направена безбедносна зона во пречник од седум километри.

Како што наведуваат медиумите, засега нема податоци за човечки жртви.
Според податоците на Украинското министерство за одбрана, во тоа складиште се наоѓале околу 138.000 тони муниција, меѓу кои највеќе тенковски и артилериски гранати од 125 и 152 милиметри, пренсува Спутник.

Во ист ден се случи и пожар во база на НАТО во Албанија, кога при експлозија полесно беа повредени двајца војници.

Претходно «
Следно »