(Видео)ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ЈА НАПУШТИЈА СЕДНИЦАТА: Нема да учествуваат во политичкиот прогон организиран од СДСМ!

  • November 7, 2018

Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања денеска со мнозинство гласови „за“ го прифати барањето на судот и му препорача на Собранието да му го одземе пратеничкиот мандат на Никола Груевски заради издржување на двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.

За одземање на мандатот на Груевски гласаа пет од деветте членови на Комисијата. На гласањето не присуствуваа членовите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Тие дојдоа на Комисијата, но по искажаните забелешки на Трајко Вејланоски дека се води политички, а не правен процес, ја напуштија седницата.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата на Комисијата и не присуствуваа на гласањето, а најавија дека нема да гласаат ниту на пленарната седница. Според пратениците на опозицијата се работи за класичен политички прогон, кој нема врска со правото и правичното судење, бидејќи доказите јасно укажувале дека за делото за кое е осуден Груевски нема никаква вина.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија комисиската расправа

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија комисиската расправа

Posted by infomax.mk on Wednesday, 7 November 2018

Претходно «
Следно »