(Видео)ПРВО ВРЕСКАЛА ПА СКОКНАЛА ВО ВАРДАР: Објавена аматерска снимка од таткото кој ја тепа девојката која скокна во Вардар

  • January 30, 2018

Драма во центарот на Скопје. 27 годишна девојка скокна во Вардар во близина на Камениот мост. Од полицијата каде околу 13.30 минути бил пријавен случајот информираа дека девојката ја спасил татко и кој заедно со уште двајца мажи влегле по неа во реката.

На аматерското видео се гледа како потоа и викаат и ја тепаат.

-Очевидци кои не сакаат да зборуваат пред камера велат дека љубовни проблеми најверојатно биле причината девојката да скокне во Вардар, објави Сител.

Подолго време пред настанот седела сама на клупа на кејот од страната на кафетериите и викала по момче и девојка кои биле од спротивната страна на реката. Според очевидците откако скокнала во реката се заплеткала во ѓубрето собрано околу фонтаната и барала помош.

Граѓани повеќе од половина час се обидувале да ја извадат девојката од водите на Вардар.

Во спасувачката мисија пристигнала и екипа на против пожарната служба, а била повикана и Брза помош

Овој несекојдневен настан предизвика внимание кај бројните минувачи во Центарот на градот.

Претходно «
Следно »