(Видео)ПРЕД 12 ГОДИНИ ЗАВРШИ ПРВАТА ЕТАПА ОД ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈАТА: На денешен ден од претходниците на Заев беше предадена Струга и Кичево!

Поврзано

(Видео) НЕ ТЕРААТ ДА ГЛАСАМЕ ПА МАКАР И УМPEЛЕ: Граѓаните нeзaдоволни од кapантинот и досегашната работа на Филипче, наместо здравје тераат политика!

Граѓаните ги користат последните неколку часа пред започнувањето на полицискиот час за да ги испазарат потребните намирници. На градскиот...

ОТКАКО СТАНАА ЕПИЦЕНТРИ НА ЗАРАЗАТА: Конечно забрана за работа во карантин на Текстилните и кожарските фабрики во Штип

Текстилните и кожарските фабрики на подрачјето на Општина Штип нема да смеат да работат за време на престојниот продолжен...

(Видео) СКОПЈЕ КАКО ЧЕРНОБИЛ: Колони возила го напуштаат градот

На излезот на Скопје, од Ѓорче Петров кон автопатот за Тетово, во попладневните часови може да се забележи метеж...

Денес, точно пред 12 години се одржа референдумот против новата територијална организација на Република Македонија со што по фингираната војна која тогаш ја иницираше, кој ако не Верушевски со аферата „Големото Уво“, беше спроведена првата етапа од реализирањето на конечната замисла, федерализирање на Р.Македонија

struga-protesti

По 12 години, започна втората етапа. Повторно со Верушевски, но со друга будала која треба да биде марионетата која на крајот ќе биде заборавена на буништето на предавниците на сопствениот народ, Зоран Заев.

Да остане запаметено, тогаш премиер беше Хари Костов, претседател на државата Бранко Црвенковски, Стево Пендаровски беше претседател на Државната Изборна Комисија. Главни фронтмени за законот и бојкот на референдумот беа Рамила Шеќеринска како министер за евроинтеграции, Владо Бучковски како министер за одбрана, Александар Гештаковски како министер за локална самоуправа, Никола Поповски како министер за финансии, Борис Кондарко како портпарол и Владимир Милчин како незаменлив прв човек на СОРОС-Македонија.

Шлагот на се’ беа изјавите на префарбаните терористи од УЧК (сега ДУИ) кои се закануваа со нова војна ако им „рокне“ законот. Нив реално толку им беше и капацитетот, но беа галеничиња на „меѓународнава“, па истава и ги пушташе да си играат со вакви изјави… во името на „соживотот и меѓуетничките релаксирани односи“…

Целата ситуација во државата, иако напната, беше природна и нормална реакција на народот кој се чувствуваше загрозен по сопствената елементарна егзистенција. Граѓаните на анкетите се изјаснуваа со високи над 80% дека ќе излезат на референдум. Тогаш почнаа и притисоците и шашмите.

Власта на СДСМ прво спроведе хајка во сопствените редови за да ги дисциплинира прво своите. Потоа на секаков најдолен начин вршеше притисок врз сите останати граѓани со закани по работното место, инспекции, закани за оние родители чии деца студираа дека никогаш нема да завршат, претреси по домови, во мешаните средини каде локалните команданти беа главни фраери и со физички закани и сл. Главниот аргумент со кој СДСМ влезе во кампањата беше дека нема никогаш да сме влегле во ЕУ и НАТО ако законот не поминел. Законот во таа форма да ги бил „Европски“ и никако поинаку. Какви глупости. Дали после тоа влеговме?!

Признавањето на САД на Македонија на 4 ноември 2004 година, во предвечерието на референдумот, беше одличен спин, на кој многу граѓани се фатија како кленови на дудинка. Вечерта претходно се огромен митинг со 50 000 луѓе во центарот на Скопје.

Дојде и 7-ми ноември. Сив, врнежлив. Лошо време за излегување на гласачките места, особено за оние терсене луѓе. Полиција на секој чекор, доушници и кодоши, бележачи на секој ќош. Претходните 2 дена кулминирале притисоците. И многумина решија да се борат под јорган планина тој ден и да не излезат на гласање. Да бидеме реални, си имаше и граѓани од другите градови кои баш ги заболе што ќе се случува со Кичево и Струга. Излегоа 454.347 луѓе (26,58%), недоволно за референдумот да успее. Цензусот не беше постигнат и референдумот пропадна.

Така се реши судбината, така беа продадени Кичево и Струга.

Љупчо
Зорески

Актуелно

(Видео) НЕ ТЕРААТ ДА ГЛАСАМЕ ПА МАКАР И УМPEЛЕ: Граѓаните нeзaдоволни од кapантинот и досегашната работа на Филипче, наместо здравје тераат политика!

Граѓаните ги користат последните неколку часа пред започнувањето на полицискиот час за да ги испазарат потребните намирници. На градскиот...

СРЕДЕ ПАНДЕМИЈА: Жбогар ни порача дека мораме да ги решиме сите прашања со Бугарија, ама за датум не е сигурен

Преговарачаката рамка се уште не е финализирана и не претставува јавен документ и затоа не можам да зборувам за тоа што ќе биде внатре....

ФАТЕНИ ЖИВИ-СЕ ЛАЖИРААТ БРОКИТЕ НА НОВОЗАРАЗЕНИ?!: Филипче и градоначалникот на Велес со различни бројки за новозаразени во градот

Денес 4 нови случаи во Велес од корона вирусот. Ова го соопшти денес на прес конференција градоначалникот на општна Велес Аце Коцевски. Тој истакна...

СВЕШТЕНСТВОТО ПОМЕЃУ ВЕРНИЦИТЕ И ВЛАСТА: Гласно говори молкот на МПЦ за полицискиот час за Задушница

Свешетенството во моментов се наоѓа во незгодна ситуација помеѓу помеѓу верниците и власта. Гласно говори молкот на МПЦ за полицискиот час за Задушница. Светиот архијерејски...

ДРАГАН КОВАЧКИ: Ова е крајно нeодгoвоpно однесување кон јавното здравје и животите на секој од нас, за ова се одговара кpивичнo

Ни ја забранија Задушница за да не се ширел КОВИД 19. Сите би се согласиле доколку тие мерки имаат чесна намера. Оти сите сме...

Повеќе вести