(Видео)Пaлecтинцитe го pakeтиpaaт Ерусалим, иcтpeлaни повеќе од 45 pakeти

Кон Ерусалим, се испалени најмалку 45 ракетите од појасот Газа, во услови на растечки тензии меѓу Израелците и Палестинците.

Нема информации за повредени. Израелскиот парламент е евакуиран додека се огласија сирените.

Хамас, кој управува со Газа, се закани со напад откако стотици Палестинци денеска биле повредени во судирите со израелската полиција.

Последниве денови имаше насилство во градот што не е забележано со години.

Повеќе од 300 Палестинци биле повредени во судирите со израелската полиција пред џамијата Ал-Акса во источен Ерусалим.

Подоцна, се одржа марш на израелски националисти. Требало да поминат низ муслиманските области на Стариот град во Источен Ерусалим, но од страв од немири е пренасочен.

Денот на Ерусалим ја одбележува израелската окупација на Источен Ерусалим – дом на Стариот град и неговите свети места – во 1967 година. Обично стотици помлади Израелци со знамиња минуваат низ муслиманскиот кварт извикувајќи и пеејќи патриотски песни.

Многу Палестинци сметаат дека ова е намерна провокација. Годинашното одбележување се совпадна со последните денови на исламскиот свет месец Рамазан.