(Видео)РУСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ИГРАШЕ ХОКЕЈ: Владимир Путин играше хокеј на лизгалиштето на Црвениот плоштад

  • December 24, 2017

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот играше хокеј на лизгалиштето на Црвениот плоштад во Москва, кој се наоѓа на неколку стотина метри од неговиот кабинет во Кремљ. На претседателот на Руската Федерација му се приклучи министерот за одбрана Сергеј Шојгу како и голем број на Руски хокеарски ѕвезди, вклучително и НХЛ легендите Вјачеслав Фетисов, Сергеј Федоров и Павел Буре

Црвениот тим во кој играше Путин, победи со 9-3 пренесуваат медиумите, без притоа да ги специфицираат статистиките од играта на Путин. Во претходен натпревар, на неговиот 63-ти роденден Путин постигна седум поени во 2015.

Путин започна да игра хокеј кон крајот на неговата петта деценија. Фетисов, кој беше Руски министер за спорт, го вовел претседателот на земјата во играта. Во последните години, претседателот на Руската Федерација се почесто се појавува на мраз, секогаш носејќи го неговиот дрес со бројот 11.

Претходно «
Следно »