(Видео)СЕИРЏИИ ПРЕД „ШУТКА“: Десетина новинарски екипи, засилено присуство на полиција и сеирџии кои скандираат навреди пред „Шутка“

  • November 9, 2018

Десетина новинарски екипи, зголемено полициско присуство но и сеирџии вечерва се собраа пред „Шутка“ каде го очекуваат екс-премиерот Никола Груевски да се пријави за издржување на казната во случајот „Тенк“

Освен новинарски екипи, пред истражниот затвор се наоѓаат и неколку десетина „сеирџии“ припадници на т.н. „шарена револуција“, како и жители на локалните населби кои одвреме навреме извикуваат навреди на албански јазик кон Груевски.

Од Кривичниот совет до овој момент не успеале да му го достават решението на домашната адреса. Решението станува извршно од моментот на доставување на истото.

Сеирџии пред „Шутка“

Сеирџии пред „Шутка“ во исчекување на Никола Груевски

Posted by infomax.mk on Friday, 9 November 2018

Претходно «
Следно »