(Видео)СНЕГОТ ПРЕДИЗВИКА ХАОС НИЗ ЦЕЛА ДРЖАВА: Завеани патишта, механизација нема – граѓаните доведени во oпacност!

  • January 9, 2019

Градоначалниците и општините да ги преземат сите неопходни мерки за расчистување на снегот и снежните наноси, заради нормално одвивање на сообраќајот и заштита на населението согласно обврските од Законот за заштита и спасување, апелираше вечерва Дирекцијата за заштита и спасување.

Оттаму истакнуваат дека будно ја следат состојбата со временските услови во целата држава.

Како што информира Автомотосојузот на Македонија, снег со променлив интензитет врне низ цела држава. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

На државните патишта наместа има остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на ЈП „Македонија пат“. Забрани за движење на тешки товарни возила има на патните правци Градско-Прилеп преку планискиот премин Плетвар, крак Маврово-Дебар, Гостивар-Кичево преку преминот Стража, Струга – граничен премин Ќафасан и Тетово-Попова Шапка каде за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема.

ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Жители од Струга до нашата редакција испратија снимка од состојбата на патот Дебар – Струга, за која објаснуваат дека мораат да возат во спротивен правец бидејќи има помалку снег, со што се доведени во опасност од сообраќајка.

Хаос на патот Дебар – Струга

Хаос на патот Дебар – Струга

Gepostet von infomax.mk am Mittwoch, 9. Januar 2019

Претходно «
Следно »