(Видео)СТРАЖА ВО МОМЕНТОВ: Неколку сентиметри снег го покри преминот Стража, возете внимателно!

  • November 17, 2018

Снежна покривка од неколку сентиметри го покри патниот правец Стража – Кичево вечерва, откако се исполнија предвидувањата на метеоролозите дека овој викенд ќе започнат првите врнежи од снег годинава


Во моментов на Стража паѓа снег, а сообраќајот е значително успорен. Од АМСМ препорачуваат внимателно возење на патните правци на повисоките места.

За утре од УХМР највуваат дека врнежите ќе имаат значително пообилен интензитет, особено во јужните и источните делови. На планините и на некои повисоки места ќе се формира снежна покривка. Нов влажен бран со пообилни врнежи претежно од дожд се очекуваат во вторник.

Да потсетиме, од завчера стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба.

Shofirajte vnimatelno – STRAZHA!Struga – Skopje!

Gepostet von Asllan Vishko am Samstag, 17. November 2018

Претходно «
Следно »