(Видео)ТАЈНАТА НА НЕВЕРОЈАТНАТА КИНЕСКА МОЌ: Кина станува прва економија, а БРИКС најголемиот пазар во светот – време е за престројување!

  • November 30, 2016
  • Коментари

Од некогаш сиромашен азиски џин, Кина го помина долгиот пад до втората најголема економија во светот. Пред неа засега е само САД, а статистиката вели дека до 2025 Кина ќе избиена првото место и ќе стане водечка светска економија. Економскиот раст на Кина истовремено ја следи и нејзината зголемена воена моќ и политичко влијание

kina

Фактот дека кинеските производи го преплавија светот, но и членството во земјите на БРИКС, влијанието на валутните движења, купувањето на најпознатите светски брендови од страна на кинески компании, како и проектот „Патот на свилата“ многумина ги тера да си го постават прашањето, дали мудрите Кинези за разлика од САД кој преку „ширење на демократија“ ги зајакнуваат своите позиции во светот, преку тивко преземање на финансиските механизми полека одат кон местот број еден на геополитичката карта на светот

Доц.др Катарина Закиќ, директорка на Кинескиот центар на Универзитетот „Џон НЕзбит“ за Спутник објаснуве дека пресвртницата во развојот на Кина била економската реформа која со доаѓањето на власт ја спроведе Денг Сјаопинг, а неговата политика на отворени врати допуштила комбинирање на комунизмот како политички систем и капиталистички систем на производство.

„Неговата идеја беше Кина полека да се отвара кон странците, од нив да учи и нивните искуства да ги користи кон развојот на својата економија, секако со силна контрола од страна на владата и континуирано пратење на економскиот раст. Тој на еден мал примерок на источни приморски градови го започна моделот кој даде добри резултати со релативно ограничен капитал, но и фактот дека во тој момент, компаниите немаа можност да бидат во странско сопственитво. Кинезите во секоја фаза н својот развој исклучително внимателно разгледуваа кои индустрии треба да ги помагаат, а кои да ги заштитат, но и како треба да се учи од странските компании за техника и да ги прилагодува условите на различни пазар“, напоменува Закиќ.

Според нејзините зборово, од моментот кога тргна опоравувањето на кинеската економија тргна и изградбата на инфраструктура, бидејќи оваа огромна земја имаше потреба за мрежа за транспорт на роба и материјали за функционирање на економскиот производен систем.

„Кинезите се апсолутни мајстори во градежништво и раководење со железницата, а нивните субербрзи возови одат до 250 километри на час, што овозможуа со добро развиената железничка инфрастрктура многу брзо да ги транспортира продуктите и материјалите. Во рамки на новиот „Пат на Свилата“ важно е она што некогаш постоело денес да се примени во модерен и современ облик, односно Европа и Азија да се поврзат со систем на супербрзи возови. Другата причина за осмислување на овој проект е нерамномерниот развој на Кина и малата развиенсот на западниот и централен дел на Кина од источниот до северниот дел. Се очекува дека големите инфраструктурни проекти дека ќе го зголемат степенот на трговија и ќе овозможат и тие делови на Кина многу побрзо да се развиваат“, вели Закиќ.

Сличен став има и Јован Ковачиќ, претседател на организацијата „Ист-вест бриџ“ којза Спутник вели ека Кина во последните две децении развива своја економија со брзина која во историјата е незапаметена. „Патот на свилата“ според неговите зборови, има исклучително голема политичка премиса, но и желба Кинезите да ги пласираат вишокот на производи. Кога станува збор за БРИКС, Ковачиќ истакнува дека е станува збор за групација на земји кои ги опфаќаат повеќе од половина на светската популација. „Сите заедно имаат итекако силно производство, куповна и секаква друга моќ, па ако дојде до големи потреси на цените на јуанот, мислам дека тој тренд на раст ќе гарантира раст на Кина. Тоа е мудар тренд, тивок, бидејќи одеднаж, Кина ја има насекаде“ вели Ковачиќ.

Според зборовите на Катарина Закиќ, Кинезите инвестираат секаде каде што очекуваат профит, а она на што кинеската економија и дава ветар во едрате во последната деценија е развојот на ИТ технологијата. Покрај тоа, во сопствеништво на кинеските компании влегоа голем број на американски и европски брендови како „Моторола“, „Филип“, „Смитфилд Фудс“, „Волво“…Кинексата група Леново од американски ИБМ купи ефтини компјутерски сервери, а огранокот на кинескиот државен фонд „Чајна инвестмент корпорејшн“ купи десет проценти од удделот на лондонскиот аеродром „Хитроу“. Кинезите ја купија и британската компанија која ги произведува лондонските такси возила.

Др. Закиќ објаснува дека Кина преминува во нова фаза на развој каде досегашната ефтина работна сила се заменува со значително поскапа кинеска работна сила. Исто така, нивните производи се без идентитет, марка, име, и тоа е причината зошото сега купуваат компании кои се надвор од Кина и претстауваат светски познати бреднови. Ккао што вели, иако во последните години сме сведоци на успорувањето на кинеската економија, тоа не е ништо претерано и не ги загрижува Кинезите бидејќи тие знаеа дека до тоа ќе дојде и секогаш имаат спремен план „Б“.

Претходно «
Следно »