(Видео)ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО МИНХЕН: Специјалците го затворија Минхен откако напаѓач пукал во трговски центар!

  • July 22, 2016

Весникот „Абендцајтунг Минхен“ соопшти дека има најмалку 15 жртви во престрелка во трговскиот центар „Олимпија“ во Минхен. Официјална потврда за оваа информација нема, а весникот се повикува на сведоци од лице место. Првото соопштение за нападот пристигнало од полицијата во 17.52 минути.

minhen_napad

Деталите за инцидентот сеуште се непознати, но странските медиуми пренесуваат дека во тек е голема полициска акција, како и дека областа околу трговскиот центар е блокирана. Вооружениот маж трчал низ трговскиот центар и пукал по луѓето наведува „Билд“. Потоа наводно избегал во правец на подземната железница.

Специјалните сили пристигнале на лице место, јавува Гардијан. Минхенскаа полиција на Твитер апелираше до луѓето да ја избегнуваат областа околу трговскиот центар „Олимпија“.

Исто така, полицијата претоставува дека се работи за само еден напаѓач.

Би-Би-Си известува дека хеликоптер го надлетува трговскиот центар, како и дека на работниците им е забрането да ги напуштаат продавниците.
„Слушнав пукање и видов повредени луѓе. Не можеме да излеземе надвор“ – вели една од работничките преку телефон за весникот „Зидојче Цајтунг“.

Состојбата во Германија е напната откако тинејџер од Авганистан со секира во вторникот нападна и рани дваесетина луѓе во метрото.

Претходно «
Следно »