(Видео)ТРАМП НЕОЧЕКУВАНО ГО ПРЕКИНА САМИТОТ СО СЕВЕРНОКОРЕЈСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ: Американскиот претседател одлучил да се повлече од преговорите!

  • February 28, 2019

Самитот на претседателите на САД и Северна Кореја, Доналд Трамп и Ким Џонг Ун заврши порано од планираното. Претседателските колони возила на двајцата лидери го напуштија хотелот во кој беа одржани преговорите, пренесуват светските медиуми.

Камен на сопнување, како што се наведува, биле санкциите кои САД ги воведоа на Северна Кореја, поради нykлеаризациjaта и од кои очигледно Трамп не сака да се откаже.

Кога новинарите го прашале Трамп дали тој го прекинал состанокот, одговорил: „Не сакам да кажам дали тоа беше моја одлука, бидејќи каква врска има тоа сега. Но, ќе ја продолжиме врската“.

„Сега одлучивме ништо да не потпишуваме, ќе видиме како ќе оди работата. Ким е одлично момче и Северна Кореја има огромен потенцијал. Caнкциите ќе останат и натаму, ништо не дадовме. Северна Кореја сака да им ги укинеме санкциите, но не направила доволно.

Северна Кореја е подготвена да нykлеаpизиpa некои подрачја, но САД не се подготвени да ги укинат caнкциите поради тоа. Ким има своја визија, а таа не е баш како нашата. Одлучивме сега да се повлечеме од договор, ќе видиме што ќе се случува понатаму, рекол Трамп на прес-конференција, одржана два часа претходно, поради прекинување на состанокот.

Тој нагласил дека на совет од државниот секретар Мајк Помпео, овојпат одлучил да не потпише никаков договор.

„Направивме голем напредок, но не стигнавме до она што има смисла за САД. Ким не направи се што баравме од него, не беше подготвен. Но, јас сум оптимист, ќе направиме напредок и ќе ја исполниме целта да ја дену клеаpизираме Северна Кореја и ќе ги направиме сите граѓани во светот бeзбедни“, рекол Помпео.

Трамп нагласил и дека Ким му ветил дека нема повеќе да тестира нykлeapно ору жје и дека тој му верува. Додал дека нема да воведе нови санкции на Северна Кореја, но и дека засега не планира нова средба, пренесе АФП.

Претходно «
Следно »