(Видео)УКРАИНА ПУКА ПО СИТЕ ШАВОВИ: Америка упорно ја турка во военк конфликт со Русија

  • September 12, 2018

Поминаа десет дена од убиството на лидерот на Донетска Народна Република, Александар Захарченко, напредок во истрагата сè уште нема. Соговорниците од емисијата “Светот со Спутник”, дипломатот Сречко Ѓукиќ и експертот за меѓународни односи, Срѓан Перишиќ, потсетуваат дека плејада на лидери биле убиени на сличен начин во Украина.

“Службата за безбедност мораше да се грижи за првиот човек на Донетск, без оглед на неговото однесување. Тоа е нивни неуспех, а Киев ги користеше испробани методи и средства – постои инфилтрација на диверзанти. Русија го опиша ова убиство како терористички чин, а и Западна Европа не го негираше ниту отфрли ова “, смета Ѓукиќ.

По смртта на  Захарченко, се рашири атмосфера дека во Киев повторно на сила е “партијата на војната“ и дека може да доведе до нови напади и воени судира на Донецк и Луганската Република.

Ѓукиќ смета дека многу работи  ги попречува властите во Киев да се втурнат во војна, серија на внатрешни проблеми, корупција и криминал како и недостиг на поддршка од надворешни фактори,па се до претседателските избори кои тропаат на вратата.

Иако се шпекулираше дека Москва е виновна за смртта на Захарченко, Срѓан Перишиќ, верува дека Украина има мотив плус за исчезнувањето Захарченко од политичката и воената сцена, пред се бидејќи тој беше омилен човек во тој дел на бунтовницте во Украина, а властите од Киев се сметаше дека со неговото исчезнување ќе се угуши духот на Русите од  овој регион .

“Украина на конфронтација со Русија е втурната од страна на  САД, затоа што оваа европска земја е една од главните точки кои се од геополитичко значење и токму тие причини ја предизвикуваат Русија директно да биде конфронтирана. Вашингтон сака со овој конфликт да ја наведе Москва во директна конфронтација, што нема да се случи. Ова убиство е минирање на Минскиот договор за примирје од 2014 и 2015 година, “Перишиќ е категоричен.

Од друга страна, дипломатот Ѓукиќ смета дека Украина игра сложена игра, и дека САД не можат да не го поддржат Минскиот договор, бидејќи не постои алтернатива.

“САД сакаат да ги наплатат случвањата и нивното присуство во Украина – Крим, Донецк и Луганск. Но Украина денес не е способна да води војна со далеку послаби земји, а камоли со Русија, војна за која Америка очигледно се залага исклучиво за своите интереси. Добро е што таква ситуација не и одговара на Европа, а Украина води многу грижа за релациите со ЕУ, со цел да се задржи безвизниот режим, еконоската соработка и финансиска помош што им треба. ”

Меѓутоа, многумина се плашеа дека смртта на Захарченко ќе ги загрози Минските договори.

“Мислам дека во Донеск, како и во Луганската Република, военото факторизирање ќе биде зајакнато и интензивирано, бидејќи политичкиот модалитет на донесување одлуки не зависи од Донецк и Луганск. Играчите се надвор од тие територии. Ништо нема и не треба да се случи пред претседателските избори во Украина во следните седум месеци, но убеден сум дека ако Порошенко има добитна карта за воена интервенција, тој ќе го стори тоа веднаш. Неговиот пораз не би значело пад на изборите, тоа ќе биде крај на постоењето на Украина како држава во рамките на сегашните граници, без Крим и републиките Донецк и Луганск “, рече Перишиќ.

“Не е само мое мислење дека Украина е единствената држава во Европа на и претстои распаѓање по сите шавови. Првиот украински претседател Леонид Кравчук го повика Киев да влезат во директни преговори со Москва, за да започне регулирање на наталожените проблеми и да се пристапи кон децентрализација и федерализација на Украина со што всушност и започна украинската криза. Оваа иницијатива доаѓа од човек кој е во украинската политика од 1986 година, кој беше првиот претседател на независна Украина и еден од растурачите на СССР и кој ги изгуби изборите во 1994 година токму поради отргнувањето од блискоста со Русија. Украина не може да постои, ако  на нејзините граници ја има Русија за непријател “, вели Сречко Ѓукиќ.

Изненадување или не, но фаворит на следните претседателски избори во Украина е поранешната премиер каЈулија Тимошенко. Овој дипломат смета дека, иако Тимошенко веќе има две неуспешни кандидатури, таа ја разбира политиката и нагласува дека сите проценки и прогнози тежнеат за нормализирање на односите со Русија, но и за да се зачува западниот, про-европски став.

Перишиќ тврди дека Јулија Тимошенко е добро ќе се испазари и со западот и со Русија.

“Кој и да победи на изборите, Русија нема интерес од нова спогодба и договор , бидејќи Украина би можела да влезе во НАТО. На пример, Јулија ќе го продаде Донбас за влез во Алијансата, а ракетата од Харков до Москва ќе може да лета за 25 секунди. Ќе има уште мрцварење “, рече Перишиќ.

Говорниците на “Светот на Спутник” покажуваат дека, демографски, не постои европска земја во идентична ситуацијата која е катастрофална како  Украина. Кога беше во сосавот на СССР, Украина имаше 52 милиони жители, во 2001 година имаше 46 милиони, а сегашните проценки велат дека Украина нема повеќе од 32 милиони жители. Секоја година, од Украина си одат 1.400.000 жители или повеќе од 100.000 месечно. Во Украина нема работа, порано се произведуваа 400.000 автомобили, но денес тоа не се произведува.

Ѓукиќ нагласува дека руската политика е трајно врзана за Украина и додава дека е дел од рускиот идентитет, слично како примерот со Косово и Метохија кои се дел од српскиот. Русите ќе чекаат и уверен сум дека Русите ќе го дочекаат, заклучи Ѓукиќ.

Претходно «
Следно »