(Видео)УКРАИНСКИ МОРНАР ПРИЗНАВА: Имавме задача да вршиме провокациски маневри – објавена снимка од бркотницата со воените бродови!

  • November 26, 2018

Украинската Врховна рада го изгласа предлогот за воведување на воена состојба во одредени региони од земјата, главно во оние во кои се граничи со Русија, додека претседателот на Украина Петро Порошенко нешто претходно изјави дека таа мерка ќе стапи на сила на 28.ноември во 9 часот претпладне по киевско време


Ова мерка ќе биде воведена во период од 30 дена, наместо на 60 како што претходно се предлагаше, како не би се одразила негативно на претстојните избори кои се планирани за 31. март 2019. година.

Во меѓувреме руската Федерална безбедносна служба (ФСБ), имајќи во предвид дека Советот за безбедност не го усвои предлогот за разгледување на ова прашање на денешната седница, објави детали за случувањата во Керчкиот премин, почнувајќи од тоа кога украинските бродови се запленети, се до податоци за тоа дека првата палба на руската погранична службе следела како предупредување, додека вториот бил испален дури кога украинските бродови одбиле да ги исполнат барањата на руската страна и да застанат.

И покрај тоа Русија усепа да заплени три украински бродови и да уапси 24 морнари поради незаконско пресекување на државната граница, иако при пукањето тројца морнари се ранети, меѓутоа се згрижени и надвор од животна опасност.

Според наодите на кримските претставници, украинските морнари кои ја сочинувале поасада на трите украински бродови, меѓу кои и двајца припадници на украинската безбедносна служба кои ја координирале оваа акција, ќе бидат процесирани поради незаконско преминување на руската државна граница.

Во меѓувреме се соопштува дека украинските морнари се испитани, односно дека уапсениот украински офицер Владимир Лесовој признал дека дејствата кои ги превземале украинските морнари имале провокациски карактер.

Се огласи и Русија, а постојаниот претставник на земјата во ОБСЕ Александар Лукашевиќ предупреди дека Москва жестоко ќе реагира на било кои обиди врз суверенитетот и безбедноста на Руската Федерација.

Беше објавена и снимка од брканицата во Керчкиот премин.

Претходно «
Следно »