October 23, 2021, 8:00 am

(Видео)ФАТЕНИ НА ДЕЛО И СНИМЕНИ: Еве како СДС поткупува граѓани во ромското маало во Штип, додека полицијата ги чува!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ повторно се фатени на дело како поткупуваат гласачи делејќи им прехрамбени производи. Овој пат поткуп владејачката партија врши во штипско ромско маало каде во недела на 29-ти април ќе се одржи вториот круг од локалните избори

Ова е само уште една потврда дека паниката од пораз кај СДСМ е голема, но ова е и доказ повеќе за еклатантното кршење на изборниот законик.

Имено, поддршката која граѓаните ја покажуваат кон ВМРО-ДПМНЕ, во повеќе места ги тера од владеачката партија да даваат поткуп, во обид да дојдат до глас повеќе. Делото поткуп е едно од најголемите прекршувања на изборниот законик, според експертската јавност со ваквите потези од страна на СДСМ, се поставува сериозно прашање дали овие избори може да бидат прогласени за фер и демократски.

Медиумите пред само неколку дена пишуваа дека СДСМ и Благоj Бочварски продолжуваат со бескруполозната црна кампања против кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Штип, Илчо Захариев во пресрет на вториот круг од локалните избори.

Подмолната црна кампања на СДСМ во Штип продолжи со делење запалки со името на Илчо Захариев, на кои е заокружен со гласачкиот број на СДСМ.

Инаку како даваат поткуп на дело беа фатени партиски активисти на СДСМ и од други делови на државата, но полицијата предводена од Спасовски место да почне да ги решава овие случаи, штитенички се поставува гледајќи го поткупот.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Нoв ckaндaл ja тpece Македонија: Камион штo нoceл диплoмaтcкa пpaткa зa МНР фaтeн co цигapи и aлкoхoл

Камион управуван од возач со македонски пасош бил запрен на влез во Италија од Словенија и при проверката било...

More Articles Like This