(Видео)ФЕРГИ ЈА „СРЕДИ“ АМЕРИКАНСКАТА ХИМНА: Предизвика бројни негативни коментари

  • February 20, 2018

Во неделата, 18 февруари, во САД се одржа еден од најголемите спортски настани – натпреварот на ѕвездите, кој секоја година ги собира најдобрите кошаркари во НБА и ги прави соиграчи.

Пред секој таков настан се вклучува музичка ѕвезда, одговорна за исполнување на химната. Оваа година честа и беше доверена на Ферги, но нејзината изведба беше целосно промашување.

Таа на публиката ѝ понуди некаква нова, џез верзија на химната, што предизвика бројни негативни коментари, не само за верзијата, туку и за нејзината изведба.

Ден потоа, светските медиуми сè уште пренесуваат за лошата вечер за Ферги, нарекувајќи го нејзиниот настап како „комплетен дебакл“ и дека ова е најлошата изведба на химната на сите времиња.

Првите реакции дојдоа од играчите на паркетот, од кои некои се пукнаа од смеа.

Со оглед дека се крена голема фама, конечно се огласи и пејачката, која воедно и се извини на публиката.

„Секогаш ми било чест да ја изведувам националната химна, а вчера се обидов да ја направам посебна за NBA. Како уметник, секогаш преземам ризици. Очигледно, мојата обработка не го постигна саканиот резултат и не допре на начин на кој што мислам. Ја сакам оваа земја и навистина дадов сè од себе“, се вели во соопштението до јавноста.

Претходно «
Следно »