(Видео+фото) Колапс во Белград: Силно невреме ја пoгоди српската престолнина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Силен дожд проследен со грмежи и бурен ветер попладнево ја погоди српската престолнина. И, како што обично се случува, овој вид на време донесе со себе нов метеж. Освен што настанал колапс на сите поголеми сообраќајници, големи маки имале и возачите во деловите на градот каде што водата од улиците буквално правела реки.

Крајот на работното време исто така го зголеми сообраќајниот метеж, а сообраќајот е густ и на булеварот Михајло Пупин, улицата Јурија Гагарина и во близина на јамката Мостар. Мостот Газел е скоро блокиран, а состојбата не е подобра ниту во Автокоманда, каде што се формирани големи колони возила.

Исто така, центарот на градот, односно булеварот Крал Александар, во близина на споменикот на Вук, е „окупиран“.

На Трошарина, на улицата Баштаванска, се случила сообраќајна несреќа која го запре сообраќајот на автобусите 41а, 47, 48, 49, 50, но и на возилата на ГСП од 401 до 408. Во моментот можат да поминат само трамваи, пренесува Б92 .

Фотоградиран е и еден автобус кој е поплавен до половина, пишува Б92.

Latest News

Kaкoв пoтeг: Тpeнepите ce oткaжyвaaт oд пo 10.000 евра и бapaaт cитe пapи Влaдaтa дa мy ги дoдeли нa Дeки

Владата на редовната 92-ра седница донесе одлука на нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со...

More Articles Like This